Зајакната полициска контрола во Скопје, кај 21 возач утврдено присуство на алкохол

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 17/18.11. 2018 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје.

— реклама —

„Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 120 возачи, a кај 21 од нив утврдено е присуство на алкохол, додека еден од нив одбил да подлежи на алкотестирање. Откриени се и 46 останати прекршоци. Во однос на управување на моторни возила со брзина поголема од дозволената сроведена е акциска контрола на 17.11.2018 година во периодот од 06.00 до 22.00 часот, при што констатирано е дека 32 возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило и издадени се 32 мандатни платни налози. Исто така констатирани се и 35 останати прекршоци за кои се издадени 22 мандатни платни налози и 13 прекршочни платни налози“, велат од МВР.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања