Зајкова единствен кандидат на ЛДП за лидер

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Monika-Zajkova-5-1170x780-1

Под слоганот „Обединето, храбро, гласно!“, Либерално-демократската партија денеска ќе одржи осми конгрес за избор на партиски претседател што ќе го наследи досегашниот лидер Горан Милевски, кој партијата ја водеше од 2015 година.

— реклама —

Кандидат за лидер на ЛДП е Моника Зајкова, потпретседатека на партијата и пратеничка во актуелниот собраниски состав, која на конгресот ќе има свое претставување.

— реклама —

Од гостите од странство, поддржувачи на ЛДП, на конгресот ќе се обратат Роман Јакиќ, претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа, Лилјана Танги, членка на движењето „Напред!“ пратеничка во Националното собрание во Франција, Хакима Ел Хаите, претседателка на Либерална интернационала и Илхан Ќучук, европратеник, воедно и известувач за земјава, лидер на Европските либерали – АЛДЕ, претставник на бугарската партија ДПС.

— реклама —

Покрај делегатите, на конгресот ќе присуствуваат и гостите претставници на политичките партии од земјава и странство, како и соработници на ЛДП.

Настанот ќе се одржи во х. „Александар палас“ од 12 часот и ќе може да се следи и онлајн на фејсбук-страницата на ЛДП: https://www.facebook.com/LDPMakedonija/

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања