Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Зајкова: Кој е планот на опозицијата или планираат повторно да нè остават во чекалницата уште 17 години?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Исправени сме пред одговорноста да донесеме одлука што суштински ја определува иднината на државата и на граѓаните. На сите ни е совршено јасно дека само преку уставните измени можеме да ја осигуриме европска иднина затоа што тие значат почеток на преговорите по поглавја. Оваа тема, особено во последната година, ја разорува државата однатре по сите основи. Тема што нè троши, нè разјадува и создава ирационални, но многу опасни поделби. Последиците ги гледаме секој ден и ќе стануваат и повидливи и потешки – и на економски, и на социјален и на меѓуетнички план. Затоа што секогаш кога треба да се донесе одговорна и тешка одлука, наместо решение, опозицијата создава нов конфликт, се креираат непријатели и се тргнува во лов на вештерки, вели пратеничката и претседателка на Либерално-демократската партија, Моника Зајкова.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

„Секој ден вознемиреноста на граѓаните е сè поголема, а причината за тоа сме сите ние 120 пратеници. Затоа што дозволивме, наместо решение на проблемот, во нас да гледаат – проблем. Со нашиот вокабулар, со поделбата на предавници и патриоти, со одвлекување на вниманието од реалните проблеми“, додава таа.

— реклама —

— реклама —

Пратеничката и претседателка на ЛДП истакна дека претставниците на опозицијата ги манипулираат граѓаните, а се претставуваат како нивни бранители и спасители од Албанците или од Македонците, од Грците, од Бугарите, од Србите, од Турците, од Американците и којзнае до каде ќе оди списокот, кој постојано, за интерни, теснополитички интереси се продолжува, во зависност од моментните потреби.

„И пријателите и непријателите ги создаваме сами. Така е и во приватниот живот, така е и со државата. Да живееш во постојан страв дека сите ти се непријатели и дека еден ден ќе ти одземат сè и ќе те остават без покрив над главата е само израз на сопствената несигурност, немање самодоверба и неспособност да создаваш пријатели. Така е и со идентитетот. Тоа е нешто што генерации зад тебе го создавале, а ти и да сакаш не можеш да го избришеш, уште помалку тоа може да го направи некој друг во твое име“, рече Зајкова.

Зајкова прашува кој е ставот на опозицијата? Што тие ќе направат по изборите ако до ноември не се создадат услови за одржување на втората меѓувладина конференција со ЕУ? Повторно ли ќе нè внесат во чекалницата, во која поминавме 17 години. Дали тоа нема да нè чини изгубени генерации?

— реклама —

„Кандидатскиот статус го добивме во 2005 година. И тогаш, со донесување тешки, но рационални одлуки, повторно од страна на партиите што седат во ова мнозинство. Благодарение на тие одлуки се случи безвизниот режим со земјите членки на ЕУ. Сега лесно се патува во ЕУ, се отворија можности за студирање на нашите млади луѓе на престижни универзитети надвор од земјата, можности за вработување и поддршка на своите дома, овде во државата, за стекнување нови искуства и вештини. Се отворија европските фондови, од кои се финансираа и сè уште се финансираат огромен број проекти во сите општини и во кои се ангажирани многу млади и паметни луѓе, кои на тој начин си ја обезбедуваат егзистенцијата овде во државата. Нам ни останува да ги носиме одлуките, а не да бегаме од нив. Да бидеме дел од процесот што ќе ја движи нашата држава напред и ќе ѝ овозможи развој и прогрес во европското семејство бидејќи тоа е нашата иднина“, заклучува претседателката Зајкова.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања