Потпретседателката на Либерално-Демократската Партија, Моника Зајкова учествуваше на првиот Македонски канабис форум, во организација на граѓанската организација Билка, која се залага за декриминализација и легализација на канабисот.
- ЛДП е првата партија која што ја има ставено во програмата декриминализација и легализацијата на канабис. Знаеме колку општеството беше затворено на оваа тема, и колку се уште оваа тема ја бранува јавноста . Низ годините бевме токму посветени на акции и кампањи за подигнување на свеста кое е значењето на легализацијата на канабисот. Апсурдно е кривично да се гонат лицата кои консумираат канабис рекреативно, односно за лична употреба. Не смееме повеќе да бидеме неми за третманот на овие лица, значи не може дозволуваме само затоа што законодавецот кој не ја ни одредил количината за лична употреба, да дозволиме лицата коишто го за лична употреба го користат канабисот, да бидат претресувани, омаловажувани, малтретирани и стигматизирани, истакна потпретседателката на ЛДП, Моника Зајкова.
Според Зајкова, Либерално-демократската младина беше една политичките подмладоци коишто прва постави свој штанд за активно да промовира својата заложба за канабисот.
-Јасно ни е дека како земја ни е потребна регулатива во оваа област, пред се од аспект на унапредување на човековото право на избор но и од економскиот аспект и медицинскиот аспект. Да има повеќе јавни дебати, и јавноста да биде едуцирана, меѓутоа и не само тоа да остане на аргументирана дебата, туку и веќе крајно време е во праксата да почнеме реално да спроведуваме нешто за да има напредок во оваа област, односно за декриминализацијата и легализацијата што поскоро да го види своето светло на денот, додава Зајкова.