Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Зајкова: На повидок е прифатливо решение за државната матура, на потег се Средношколската унија, Владата и МОН

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
IMG_1358

По собраниската дебата со средношколците за Концептот за полагањето на државната матура, наметнавме две предлог решенија кои беа изложени пред средношколците, а во писмено образложена форма ќе бидат испратени и до Министерството за образование и наука и Владата, за кои се надеваме на позитивен одговор, посочи пратеничката од редовите на ЛДП, Mоника Зајкова.

— реклама —

- Ова нека биде светол пример за заемно и компромисно решавање на општествените проблеми со кои секојдневно се соочуваме. Денес во Собранието се слушна гласот на средношколците, се дебатираше на една од најважните теми за нив - концептот на полагање државна матура, а низ дебатата се наметна оптимално решение кои се надеваме е прифатливо за учениците, а веруваме и за Средношколската унија, Министерството за образование и наука и Владата, истакнува пратеничката Зајкова.

Предност на ова, меѓу другото, е и фактот што за истото не се потребни законски измени туку измена на правилникот за полагање на државната матура порача таа. Овогодишните матуранти бараат прилагодување на моделот за полагање матура кон евидентните проблеми предизвикани од изменетата настава поради Ковид кризата.

— реклама —

- Предлогот опфаќа егзистирање на две опции, првата опција претпочита матурантите, од предвидените четири предмети, да ги полагаат само двата екстерни предмета, додека за интерните предмети да им биде впишана просечната оценката од четиригодишното школување.

Другата опција опфаќа да се полагаат 2 екстерни предмети како што бараат матурантите и два интерни предмети, но со соодветно скратен обем за двата интерни предмети. Скратувањето произлегува од претходно скратената настава поради Ковид кризата, неможноста соодветно да се следат предавањата и како што тврдат средношколците поради оскудните техничките услови на дел од нив, додаде Зајкова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања