Промени тема
Контакт

Зајкова на средбата со сенаторот Михаил во Букурешт: Поддршката од Романија е важна за европските процеси на земјава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
7a494662-16fa-4669-9082-a3e056d25404

Пратеничката и потпретседателка на ЛДП, Моника Зајкова на работна посета во Букурешт, Романија се сретна со Сенаторот Раду-Михаи Михаил, кој е координатор за надворешни работи на УСР и член на Националното биро но и шеф на романската делегација во ПС на ОБСЕ.

— реклама —

- Северна Македонија направи многу, особено со договорот од Преспа и заслужува да биде дел од Унијата. Затоа е потребна поддршка на земјите од регионот за да можеме да чекориме напред сите заедно, а со тоа да ги увериме граѓаните дека иднината ни е во европското семејство. На оваа средба разговаравме за билатералната соработка помеѓу земјава и Романија и се согласивме дека сите чинители, а вклучително и сестринските партии треба меѓусебно да лобираат, да соработуваат, да разменуваат искуства, да се поддржуваат за своите земји на евроинтегративниот пат затоа што тоа е клучно доколку сакаме напредок во овие процеси, истакна пратеничката Моника Зајкова.

— реклама —

Михаил истакнал дека Романиjа е силен поддржувач на Северна Македонија во евроинтеграциските процеси и дека ниту еден билатерален спор не смее да биде пречка на патот кон ЕУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања