Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Закани и физички напади врз жени во Велес, гостиварско и Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-library7hkmceqshsu507HQJ3p

Три случаи на закани и физичко насилство врз жени биле пријавени во полицијата во Велес, гостиварско и Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Во Велес, на 11 октомври, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот Г.П., по пријава дека во домот ѝ се заканувал на својата 32-годишна сопруга. При проверките било утврдено дека тој бил под дејство на алкохол, со измерени 2,86 промили во крвта. Бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По документирањето на настанот ќе следува соодветна пријава.

— реклама —

Истиот ден, во Полициското одделение Ростуше, жена од гостиварско село пријавила дека по претходна расправија била физички нападната пред својот дом од А.Џ. (65), роднина на нејзиниот сопруг. Таа пријавила и дека подолг период била изложена на психичко и физичко малтретирање од сопругот С.Џ. Полицијата презема мерки за расчистување и документирање на случајот.

— реклама —

Уште еден физички напад бил пријавен во Скопје. На 12 октомври, во 01:33 часот, 29-годишна скопјанка пријавила дека околу половина час претходно, во семејниот дом на подрачјето на Бит-пазар, била нападната од сопругот Б.Р. (33), кој употребил и тврд предмет.

— реклама —

Полицијата презема мерки за расчистување на сите три случаи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library34tm5r8982b29rSssfM

Охриѓанка пријавена за одземање дете, не ја вратила малолетната ќерка на сопругот

Македонија | пред 26 минути

— реклама —
media-library2ftfop54e8lhdjZu9ue

Двајца возачи приведени за безобѕирно управување, едниот возел без дозвола, другиот пијан

Македонија | пред 27 минути

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Македонија | пред 28 минути

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз деца, родители и полициски службеник – полицијата со повеќе пријави за насилство низ Македонија

Македонија | пред 30 минути

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања