Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Заканувачки пораки до Трајчевски оти беше одбиено барањето за одземање на дозвола на Алсат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
20230717120934

На мобилниот телефон на директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Зоран Трајчевски на 13 јули од страна на непознато лице се упатени пораки со заканувачка содржина поради одбиено барање за одземање дозвола на ТВ Алсат М, информираат од АВМУ.

— реклама —

- Пораките се пратени откако Агенцијата, на седницата одржана на 11 јули, ја отфрли поднесената анонимна Иницијатива за одземање на дозволата на ТВ Алсат-М. Агенцијата ја разгледа доставената Иницијатива, меѓутоа се утврди дека не може да се пристапи до линковите кои беа посочени како наводен доказ дека Ве Ве Гроуп, сопственик на Алсат М ја злоупотребува телевизијата и врши притисок врз државните институции за остварување на своите бизнис потреби. Воедно, Иницијативата беше доставена како анонимна пријава и немаше можност да се извести подносителот да ги отстрани недостатоците во неа - објаснуваат од Агенцијата.

— реклама —

Од АВМУ додаваат дека во медиумската легислатива се јасно утврдени основите поради кои може да биде одземена дозволата на некое радио или телевизија, токму за постапувањето да не биде на произволна основа туку во точно определени случаи.

- Упатувањето заканувачки пораки поради неисполнето барање, засновано на лични желби и лични интереси претставува индивидуално психичко вознемирување и малтретирање и во случајов, притисок и директно загрозување на слободата на медиумите и на слободата на информирање и изразување - потенцираат од Агенцијата во соопштението.

— реклама —

Од таму додаваат дека случајот го пријавиле во Министерството за внатрешни работи и останатите надлежни институции, од каде се очекува брза разрешница, утврдување одговорност на лицето кое упатило закани и негово соодветно санкционирање. Воедно, известени се и релевантните меѓународни организации.

— реклама —

- Се надеваме дека ваквите случаи во иднина нема да се повторат бидејќи рефлектираат не само врз медиумите туку и врз безбедноста и сигурноста на новинарите и медиумските работници - заклучуваат од Агенцијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања