Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Закерберг бара САД да ги ублажат правилата за вештачката интелигенција: „Кина нè престигнува“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Магазин
mark

Шефот на „Мета“, Марк Закерберг, побара од американската влада да ги ублажи регулаторните ограничувања за моделите на вештачка интелигенција со отворен код, предупредувајќи дека американските компании би можеле да ја загубат предноста во однос на кинеските конкуренти.

— реклама —

Повикот доаѓа откако „Мета“ претстави нов модел на ВИ со отворен код, наречен „Muse Glimmer“. Моделот е значително помал од водечките системи на конкурентските компании и е наменет за т. н. агентска вештачка интелигенција. Според компанијата, може да работи и на личен компјутер со само една графичка картичка.

Моделите со отворен код обично се поевтини од водечките системи на компании како „OpenAI“ и „Anthropic“, а корисниците можат полесно да ги приспособат на сопствените потреби.

— реклама —

Закерберг оцени дека САД мора да ги преиспитаат своите политики доколку сакаат американските компании да останат лидери во развојот на ВИ со отворен код. Тој предупреди дека кинеските компании во моментов имаат значајна предност во оваа област.

— реклама —

„Политиките на САД мора да ги намалат дополнителните пречки доколку сакаме американските модели со отворен код со текот на времето да бидат водечки“, порача Закерберг.

Во трката со американските компании веќе се вклучени повеќе кинески развивачи, со модели како „Kimi K3“, „Qwen3.8-Max“ и „DeepSeek V4-Flash“. За разлика од нив, водечките модели на „OpenAI“, „Anthropic“ и „Alphabet“ се со затворен код.

— реклама —

Закерберг истовремено се заложи и за т. н. дестилација на ВИ, односно користење на помоќни системи за обучување на помали модели. Тој најави и дека „Мета“ ќе воведе управувачка структура во која независни директори ќе имаат овластување да ги одобруваат безбедносните критериуми пред објавување на новите модели.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq45k9s8o7uunejj8fK8

Вештачката интелигенција може да укине 800.000 работни места во Германија во следните 15 години

Технологија | пред 7 часа

— реклама —
media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

ЕУ и Канада ги здружуваат силите за развој на вештачката интелигенција

Технологија | пред 1 седмица

media-libraryhl66ngeadnq45r6roXP

Вештачката интелигенција навлегува на Балканот: Кои работни места се најзагрозени?

Технологија | пред 2 седмици

media-library0rfbqrnbtqfd0VGviR5

Критични пропусти во PHP: Зошто веб-страниците ширум светот беа привремено исклучени?

Технологија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања