„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Заклучоци и препораки од кризниот штаб на Општина Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
ohrid11

Кризниот штаб на Општина Охрид денеска одржа состанок на кој зедоа учество сите постојани членови како и раководителите на дел од секторите во општинската администрација. На состанокот беа донесени следните заклучоци:

— реклама —

➡️Според податоците на надлежните здравствени институции, до денес во Охрид има регистрирано 410 активни случаи кои се позитивни на корона вирусот КОВИД 19. Во Општата болница во Охрид се згрижени вкупно 94 пациенти од кои 24 пациенти се на кислородна поддршка. Поради зголемениот прилив на заразени на кои им е потребен болнички третман веќе е направена реорганизација по повеќе болнички одделенија.

➡️Поради константното зголемување на бројот на новозарзени, зголемена е потребата од дополнителни капацитети за згрижување на пациенти. Во тек е подготовка на план за искористување на расположливите капацитети, медицински персонал и медицинска опрема од останатите здравствени институции на подрачјето на општината.

— реклама —

➡️Се презeмаат сите потребни активности од страна на надлежните служби во Општина Охрид за спроведување на сите потребни активности за подготовка на теренот во болничкиот комплекс за поставување на модуларната болница.

➡️Во текот на наредните денови ќе се рагледа можноста за организирање на мобилни здравствени тимови кои ќе може да пружаат здравствен третман во домашни услови на заболени кои имаат полесна клиничка слика.

➡️Ќе продолжат редовните активности за дезинфекција на јавните површини во Општина Охрид.

➡️Се упатува апел до сите компании, институции и граѓани максимално да ги почитуваат мерките за превенција и заштита од вирусот да се носат заштитни маски, да се одржува потребна дистанца, да се одржува лична хигиена и да се врши дезинфекција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања