Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Законите за Коридорите кои СДС и ДУИ сакаат на брза лента да ги изгласаат го дерогираат правото и стимулираат незаконие, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kovacevski-tace-skopje-1-sobranie-4

Законите за Коридорите кои СДС и ДУИ сакаат на брза лента да ги изгласаат го дерогираат правото и стимулираат незаконие, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Со законските измени кои ги предлагаат СДС и ДУИ се овозможува при изградбата на Коридорите да бидат обештетени и дивоградбите кои ќе се најдат на трасата.

— реклама —

Законските измени кои ги предлагаат СДС и ДУИ овозможуваат буквално да бидат легализирани дивоградби кои сега ќе бидат изградени, само со цел потоа да бидат обештетени.

СДС и ДУИ стимулираат незаконие и овозможуваат расипничко трошење на народни пари во милионски износ.

— реклама —

Со секој обид за своите незаконитости да се правдаат со Бехтел и Енка само покажува колку всушност се заглавени во калта, па незнаејќи како да излезат вмешуваат странски фирми.

— реклама —

Самите СДС и ДУИ го минираат проектот за изградба на Коридорите 8 и 10д. И СДС и ДУИ со својата нетранспарентност го загрозуваат јавниот интерес, а тој е највисок, и не може да има повисок интерес, бидејќи граѓаните се тие кои го плаќаат проектот, и тие треба да знаат како се трошат нивните пари“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања