„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Законот за електронско управување и електронски услуги помина Влада, следно пред пратениците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
DSC_9252

На предлог на Министерство за информатичко општество и администрација Владата го утврди текстот на Предлог - законот за електронско управување и електронски услуги што ќе биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија.

— реклама —

Со овој закон се уредува работата на органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа при размена на податоци и документи во електронска форма, односно остварување на електронски услуги, кога тоа е утврдено со закон, како и работата на судовите, јавните обвинителства и државното правобранителство, субјекти од областа на образованието, здравството, социјалната заштита, финансиите, банкарството, осигурувањето, енергетиката, водоснабдувањето, електронските комуникации, поштенските услуги и комуналните услуги при размена на податоци и документи во електронска форма, односно остварување на електронски услуги, и воедно се уредуваат и прашањата поврзани со воспоставувањето и функционирањето на Националниот портал за електронски услуги, Каталогот на услуги и Една точка за услуги.

Владата го разгледа и утврди новиот текст на Предлог - законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги за да се отстранат постојните бариери за прекуграничната употреба на средства за електронска идентификација користени во земјите членки на ЕУ. Целта на оваа регулатива, а со тоа и на овој предлог закон, е да се воспостави сигурност за пристап до прекугранични електронски услуги, како и да се оствари безбедна електронска идентификација и проверка на автентичност.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања