Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Законот за новото СЈО не е ниту на повидок, „Рекет“ може да предизвика криза

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
20190716011906

Закон за Јавно обвинителство не е на ниту повидок, преговорите меѓу власта и опозицијата за повеќе клучни теми и прашња со месеци не се помрднале од мртва точка а барањата за предвремени избори се се погласни и појасни. Случајот „Рекет“ дополнително ја испроблематизира политичката состојба во државата па затоа се поставува прашањето дали скандалот може да предизвика нова политичка криза во Македонија, пишува Телма ТВ.

Политикологот Ненад Марковиќ смета дека „Рекет“ единтсвено може да предизвика политичка криза доколу се утврди вмешаност на политичари, и доколу се одолговлекува истрагата со што се отвара простор за шпекулации.

— реклама —

Сепак „Рекет“ влијае врз преговорите околу законот за Јавно обвинителство и статусот на СЈО, закон за кој Брисел е дециден дека мора да се донесе и од кој и зависи одлуката во октомври.

— реклама —

Кога станува збор за предвремени избори, Марковиќ е дециден дека може да се одржат нарајно на пролет индата година.

— реклама —

На 27 август на дневен ред на собраниската седница е владиниот предлог закон за Јавно обвинителство, според кој СЈО треба да се спои со постоечкото обвинителство за гонење на организиран криминал а сите обвинители да продолжат да работат во него. ВМРО ДПМНЕ не прифаќа на чело на оваа институција да биде обвинителката Рускоска и инсистираат да биде прифатен нивниот предлог закон кој бил подготвен согласно стандардите на Советот на Европа. За усвојување на законот неопходно е да се обезбеди подршка од 80 пратеници, која во моментов ја нема.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања