Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Законот за служба во Армијата обезбедува подобро услови за работа и пензионирање, сите пратеници да го поддржат, вели Талески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2022-07-22-121934

Денеска пред пратениците на пленарна седница е Законот за служба во Армијата, закон кој е важен за вработените во Армијата и одбраната а кој една година свесно и намерно беше блокиран од опозицијата, вели Миле Талески, пратеник на СДСМ

„Со овој Закон се сериозно се подобруваат условите за работа, но и за пензионирање на припадниците на Армијата.

— реклама —

За професионалните војници на кои им престанува работниот однос со навршување на 45 години возраст, овој Закон пропишува обезбедување на испратнина односно еднократен надоместок во висина на две просечни плати. но не помалку од 1000 евра во денарска противвредност, за секоја година помината на служба во Армијата.

Ова значи дека дел од војниците имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина при пензионирање.

Во делот на пензиите, се утврдува нова пресметка на износот на пензија на воениот и цивилниот персонал кој правото на пензија го стекнал од моментот на формирање на Армијата, да изнесува 80% од просечната нето-плата што ја остварил во текот на најповолните десет години од пензискиот стаж.

— реклама —

Припадниците на Армијата правото на пензија

Преку измените на Законот се воведува нова методологија за пресметка на платите во која влегуваат минималната плата бодовите според чинот, должноста, работното искуство и армискиот додаток.

— реклама —

Истовремено се прави исчекор и во делот на исплата на трошоци за станбено обезбедување за целокупниот активен воен и цивилен персонал кој има засновано работен однос во Армијата, без разлика дали е тоа на определено или на неопределено време.

Почитувани,

Ова се само дел од придобивките за вработените во Армијата и одбраната што ги обезбедуваме со ова законско решение.

— реклама —

Аплирам до сите пратеници без разлика на нивната партиска припадност да го поддржат Законот за служба во Армијата, со кој обезбедуваме подобри услови за работа и пензионирање на војниците.

Ние како парламентарно мнозинство ќе продолжиме со реализација на законски решенија кои овозможуваат припадниците на Армијата да имаат слични или исти услови за работа како и нивните колеги од армиите кои се дел од НАТО Алијансата“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања