Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Заменичката на Мизрахи: Новата техничка министерка не го познава доволно системот на социјална заштита

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sanela-2

Целосна невистина се тврдењата на новата техничка министерка Рашела Мизрахи дека во Комисијата за помош и нега од друго лице се блокирани над 8.500 предмети, тврди заменик министерката за труд и социјална политика, Санела Шкријељ. Според неа, новата министерка за труд не го познава доволно системот на социјална заштита.

— реклама —

Шкријељ преку својот фејсбук профил и порача на техничката министерка, Рашела Мизрахи, пред да излезе во јавност да ги прочита законите.

„За жал нашата подготвеност за конструктивност и соработка во интерес на започнатите реформи и процеси кои носат добро на граѓаните не наиде на разбирање од страна на техничката министерка Мизрахи, а доказ за тоа е денешната скандалозна прес-конференција за наводните 8.500 блокирани предмети за туѓа нега. Загрижувачко за мене лично, а претпоставувам и за граѓаните е целосното непознавање на техничката министерка на новиот Законот за социјална заштита со кој надлежноста за издавање на наодот и мислењето за потребата за помош и нега од друго лице, врз основа на кое се остварува паричниот надоместок, е пренесена на 15 стручни комисии формирани од страна на Министерството за здравство. Наместо претходната една којашто беше формирана во време на претходната власт и не можеше и не сакаше да одговори на барањата на граѓаните сега има 15 комисии низ цела држава од кои 5 се во Скопје. Апсолутна лага е дека 8.500 предмети се заглавени во Комисијата, а предметите за коишто немаше наод и мислење се распределени во новите комисии и имаат рок за постапување до 1 февруари годинава.

— реклама —

Почитувана техничка министерке Рашела Мизрахи, пред да излезете со изјави и тврдења во јавноста барем прочитајте ги законите, подзаконските акти и правилниците„“, напиша Шкријељ на ФБ. 

фото: ФБ

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања