ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Заменик-претседателка на „Меѓународниот сојуз“, Јасна Мандиќ, дава исказ пред Русковска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
mandik

Јасна Мандиќ дава исказ во Обвинетелство. Таа пред  Вилма Руковска одговара на прашањата поврзани со работата на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски познат како Боки 13. Мандиќ е еден од сопствениците на Меѓународниот сојуз, а Русковска ја сомничи за измама и перење милион евра на бизнисмените за наводните старечки домови.

— реклама —

Мандиќ моментално е во куќен притвор, кој и го одреди судот по барање на Вилма Русковска. Според Обвинителството, постои опасност за уништување на докази, влијание на сведоци и други основи.

Мандиќ се товари за измама и перење пари во износ од засега утврдени милион евра, кои првоосомничениот Боки 13 ги зел со измама од двајца бизнисмени, наведувајќи ги дека ќе ги инвестира во нивна корист за изградба на домови за стари лица.

— реклама —

Инаку за „Рекет“ под истрага се пет физички лица и едно правно лице, меѓу кои Бојан Јовановски, неговиот татко Миле Јовановски и потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски.

Првоосомничениот сторил продолжено кривично дело измама и перење пари.

Останатите се осомничени дека помагале при извршување на кривичното дело измама. Тројца од нив се сомничат дека помагале и при перење пари и други приноси од казниво дело.

Правното лице е сомничено дека сторило измама. Од јули 2017 година до април 2018 година, првоосомничениот како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво. Тој, лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од државата, од оштетените преку авторска агенција успеал да добие парични средства од 719.905 евра од едното правно лице и 233.821 евра од другото.

Останатите осомничени лица со умисла му помагале на првоосомничениот во извршувањето на кривичните дела изготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица по основ на позајмица или донација.

Едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт.

фото: skopje1

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања