Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Заменикот во МВР од СДСМ: Заеднички се заложбите против притисоци кон вработените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
40d41fe5-76dc-42c4-9e1f-154f8e158e8a

Денеска (02.02.2024), во МВР дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев оствари средба со претставници на репрезентативниот Македонски полициски синдикат, предводени од претседателот Марјан Кицев, со цел да се потврди меѓусебната поддршка и заложба за спроведување фер, слободен и демократски изборен процес.

Од страна на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Бојмацалиев беше истакнато дека тој продолжува по принципот на работа на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, дека ниту едно право на полициските службеници коешто им следува со потпишаниот Колективен Договор помеѓу МВР и МПС, нема да биде укинато. Бојмацалиев истакна дека не отстапува од принципот на фер и достоинствено раководење со Министерството, при што рече дека нема да бидат толерирани никакви притисоци кон вработените од ниту една политичка партија, а во спротивно ќе следуваат соодветни правни санкции.

— реклама —

Претседателот на МПС, Марјан Кицев, му честиташе на Бојмацалиев за именувањето на функцијата дополнителен заменик министер за внатрешни работи, при што ја изрази својата поддршка за посветеноста и професионалноста на Бојмацалиев да бидат спречени било каков вид на притисок врз вработените од страна на било која политичка партија.

— реклама —

На крајот од средбата, двајцата соговорници уште еднаш ја потврдија досегашната успешна соработка, со обврзување за интензивирање на динамиката на истата и во иднина.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања