Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Замина легендата на Струмичкиот театар: Почина актерката Тинка Ристеска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Македонија
media-library4sembvte5qcj1J5fxAF

Македонската театарска сцена остана без една од своите најистакнати актерки. На 73-годишна возраст почина Тинка Ристеска, долгогодишна членка на Театарот „Антон Панов“ од Струмица, која зад себе остави повеќе од пет децении богата актерска кариера.

Од Струмичкиот театар соопштија дека Ристеска починала на 12 јули, истакнувајќи дека со нејзиното заминување македонската култура изгубила голем уметник и човек.

„Денес не се простуваме само од голема актерка. Се простуваме од дел од душата на Струмичкиот театар“, наведуваат од театарот.

— реклама —

Тинка Ристеска првпат застанала на сцената во 1969 година, на само 16-годишна возраст, со улогата на Донка во претставата „Бегалка“. Во текот на својата 55-годишна кариера одиграла повеќе од сто улоги и оставила силен печат во македонската театарска уметност.

— реклама —

Публиката ќе ја памети по улогите во претставите „Галеб“, „Стаклена менажерија“, „Магбет“, „Ромео и Јулија“, „Печалбари“, „Женидба“, „Крвави свадби“, „Тетовирани души“, „Бледица“, „Лет во место“, „Хамлет од Долно Гаштани“, „Чудо големо“ и „Вечна игра“.

И по пензионирањето во 2005 година остана активна на сцената. Во 2019 година одбележа 50 години актерска дејност, а во 2024 година и редок јубилеј – 55 години посветени на театарот. Освен во театарот, настапуваше и во телевизиски серии, ТВ-проекти и долгометражни филмови.

— реклама —

Погребот на Тинка Ристеска ќе се изврши на 14 јули во 12 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени од 11 часот во Градската капела во Струмица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања