Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

„Замижи“ - нова песна на Тамара Тодевска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Магазин
Tamara-Todevska-Zamizi-1

Во рамки на 37. издание на „Макфест“, во Штип, Тамара Тодевска ја промовираше својата нова песна насловена како „Замижи“. Станува збор за музичка приказна, чиј текст е напишан од Игор Џамбазов, а музиката и аранжманот се на Роберт Билбилов.

— реклама —

На втората, ревијална вечер, во Домот на култура „Ацо Шопов“, Тамара го претстави нејзиниот нов сингл по нешто повеќе од една година.

— реклама —

- Станува збор за една нова музичка приказна која особено ми е драга и некако одма ми легна при срце. Се мислев за моментот кога да ја објавиме „Замижи“, но среќна сум што тоа го сторив токму на „Макфест“. Затоа што сакам да дадам поддршка на овој фестивал - меѓу единствените кој сѐ уште овозможува афирмација на македонската музика и на домашните изведувачи. „Замижи“ е за сите кои треба да продолжат напред, кои можеби жалат за минатото, за изгубеното, за одредени моменти, но сега се исправени пред нови животни предизвици. Убав е овој живот и вреди да се бориме, вели Тамара за својата нова песна.

— реклама —

Тодевска го истакна и своето задоволство од соработката со Џамбазов и Билбилов, кои се децениски нејзини соработници и пријатели.

- Со Џамбаз и Роберт веќе исто „дишеме“ и одлично се согласуваме. Го знаат мојот вкус, енергија, стил и кога нешто добро функционира не би го менувала, истакна Тамара.

На следниот линк можете да ја слушнете новата песна „Замижи“ :

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-05-05-at-09.25.03

Тамара Тодевска сподели информација за состојбата на Панчо

Македонија | пред 9 месеци

tamara-t

(Видео) „Никој како ти“ - нова песна и спот на Тамара Тодевска и Коста Каџикојчев

Магазин | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања