Промени тема
Контакт

Замрана за камиони на овие патни правци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
UGTPZ-pat-sneg-kamion

Од 00:40ч. поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Од 03:00ч. поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

— реклама —

Од 05:25ч. поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека.

Од 06:20ч. поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола - Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.

— реклама —

Сообраќајот на државните патишта се одвивa по влажни коловози, на некои повисоки места во западните делови од државата со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.

— реклама —

”Стентон градба ДОО” известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1 ,делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп) , поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар заради отпочнување со градежни активности на 28.02.2022 г. во врска со проект Рехабилитација на државен пат А1,Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните 12 месеци. Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања