Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Замрзната цена од 33 денари за лебот, не смее да има богатење на грбот на граѓаните, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
leb

Цената белиот и полубелиот леб е замрзната на 33 денари, за заштита на стандардот на граѓаните во време на глобална криза, вели СДСМ

— реклама —

„Со помошта од државата за струјата, со моменталните цени на суровините, 450 грама леб не би требало да се продава за повеќе од 33 денари, во кои се вклучени и 6 денари како профит што останува кај пекарите.

— реклама —

Владата предводена од СДСМ обезбеди далеку пониска цена на струјата за пекарите од 80 евра за мегават час, што е скоро како за домаќинствата во период, во ноември лани, кога електричната енергија на берзите беше околу 300 евра за мегават час.

Субвенционираната електрична енергија им се укинува, бидејќи компаниите кои што ја користеа не ги намалија цените на производите што беше главна цел на мерката.

— реклама —

Антикризните мерки, во чии рамки минатата година беа насочени 760 милиони евра кон граѓаните и компаниите имаат за цел да ги ублажат последиците од економската и енергетската криза, а не едни да плаќаат, a други да профитираат.

— реклама —

СДСМ нема да дозволи богатење на грбот на граѓаните“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања