Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Жан-Ив ле Дриан: Договорот го отвора патот за пристапување на „Република Северна Македонија" во Атлантската алијанса

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
ZHan-Iv-Le-Drian

Министерот за Европа и надворешни работи Жан-Ив ле Дриан упати честика по повод ратификацијата на Договорот од Преспа.

— реклама —

„Го поздравувам изгласувањето во Парламентот на Република Грција на законот за ратификација на Договорот од Преспа за името на поранешната југословенска Република Македонија.

— реклама —

Овој суштински политички чекор ќе овозможи наскоро стапување во сила на историскиот договор што ќе стави крај на билатералниот спор стар повеќе од четвртина век.

— реклама —

Сакам да ја поздравам храброста и решеноста што ја покажаа грчките и македонските лидери, особено премиерите Ципрас и Заев.

Договорот од Преспа ќе овозможи развој на односите меѓу двете земји во многу области и ќе ја зајакне стабилноста на регионот на Западен Балкан и на Европа како целина. Дополнително, со поддршка на Франција, Договорот го отвора патот за пристапување на „Република Северна Македонија" во Атлантската алијанса, во согласност со поканата упатена на самитот на НАТО минатиот јули и ќе придонесе за приближување на земјата кон Европа“, се вели во честитката на Жан-Ив ле Дриан.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања