ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Жан Митрев по апсењето на синот: Тој сега е 25 години и ако се огрешил пред законот ќе си ја сноси одговорноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
filan

Сакав да им покажам на моите родители дека можам сам да си го најдам патот и дека тој пат е добар - вака пред судот во Франкфурт 25-годишниот германски државјанин со македонско потекло Филан Митрев, објаснил зошто тргнал по погрешен пат. Судењето кое е во тек ја привлече македонскта јавност откако германските власти објавија дека татко на момчето кое подготвувало самоубиствен напад е сопственик на кардиохирургија во Македонија, објави Сител. 

— реклама —

Неговиот татко, кардиохирургот Жан Митрев, за Сител вели дека Филан живеел во Германија и до пред неколку години одржувал контакт со него. Смета дека избрал погрешен пат и за тоа треба да сноси одговорност.

„Додека беше малолетен, пробував да му помогнам колку тоа беше можно од далечина на 2000 километри. Но, беше тргнат по погрешен пат и пред 6 години се прекина контактот. Тој сега е 25 години и ако се огрешил пред законот ќе си ја сноси одговорноста. Многу ми е жал што како млад човек со сите можности, избрал најстрашен и најбесмислен пат во неговиот живот“, вели Митрев.

— реклама —

Филан Митрев е обвинет за тероризам.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања