Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Заострените односи помеѓу САД и Кина ги урна акциите на Волстрит

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
voltstrit

Цените на акциите на Волстрит значително паднаа втор ден по ред, што е последица од стравувањата на инвеститорите дека трговскиот судир меѓу САД и Кина ќе предизвика забавување на растот на светската економија. Падот на цените на акциите е последица на трговскиот конфликт меѓу САД и Кина кој по се изгледа нема да биде наскоро завршен.

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот рече дека САД не се подготвени за трговски договор со Пекинг, но дека го очекува во иднина. Кинеските медиуми, пак, јавуваат дека Пекинг е подготвен да ја намали својата понуда на ретки минерали, односно продажбата на 17 хемиски елементи кои се користат за производство на голем број производи од високотехнолошка електроника за потрошувачка до воена опрема.

— реклама —

Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг се зголемија откако САД го ставија Хуавеј на списокот на компании кои не можат да купат компоненти и технологија од американски компании без дозвола од Владата поради закани за националната безбедност. Покрај тоа, Вашингтон соопшти дека наскоро може да ги зголеми царините на уште 300 милијарди долари вреден кинески увоз, откако неодамна ги зголеми царинските давачки на 200 милијарди долари кинески увоз. Кина најави контрамерки за увозот од САД и порача дека Вашингтон треба да ги поправи своите погрешни чекори со цел продолжување на трговските преговори.

Кинескиот телекомуникациски гигант Хуавеј поднесе тужба против САД за ограничување на неговиот бизнис.

— реклама —

Поради сето тоа, инвеститорите се плашат дека трговската војна меѓу САД и Кина може да се претвори во технолошка војна, која, меѓу другото, може да го поткопа растот на продуктивноста во светот.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања