Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Запален автомобилот на сопственикот на „Прагма продукција“, организатор на концертот на Чолиќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
kristijan-stefanovski111

Непознати лица утрово во 3:50 часот му ја запалиле колата на Кристијан Стефановски, сопственикот на „Прагма продукција“, која ги организираше концертите на Анстасија, Здравко Чолиќ, Лепа Брена, Жељко Јоксимовиќ, Саша Ковачевиќ, Марија Шерифовиќ и други.

— реклама —

Кристијан за „Репортер“ потврди дека колата со бугарски таблички од марката „Бе-ем-ве“ во задниот дел е скоро целосно изгорена, и рече дека веднаш пријавил во полиција.

— реклама —

„Ме разбуди силен звук на пукање, слушав како се топеше и пуцкаше пластиката од колата. Потоа дојде и сосетката да ми каже дека колата гори. Возилото е запалено со бензин, но тој не знам кој и зошто го направил тоа. Не се сомневам во никого, никој претходно не ми се заканувал“, изјави Кристијан.

Тој верува дека палењето на колата е поврзано со неговата работа и се надева дека полицијата ќе ги најде виновниците.

— реклама —

„Во близина на мојот дом има поставено камери, можеби преку нив ќе откријат кој ја полеа колата со бензин и ја запали. Јас не се плашам, но ова го потресе моето семејство“, додаде Кристијан.

— реклама —

Запалена колата на сопственикот на „Прагма продукција“, организатор на повеќето концерти кај нас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања