Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Запалени билборди на кои Заев е со торба „Луј Витон“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
zapalen-bilbord

Билборди на кои се наоѓа ликот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев и торбата „Луј Витон“ се запалени на повеќе локации.  За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, поставените билборди не се оцрнување на кампањата, туку отсликување на реалната состојба во државата.

„Јас не знам, ако вистината го боли тогаш еве нека се разбере тоа како оцрнување“, рече Мицкоски.

— реклама —

Полицијата фати лица кои ги палат овие билборди, кажа Мицкоски.

Инаку во билтенот на МВР за ноќеска има информации за опожарени билборди на две локации во централното подрачје на Скопје.

— реклама —

Ноќеска во 2.20 часот во Бригадата за противпожарна заштита во Скопје било пријавено дека на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ е опожарен билборд. Пожарникарите веднаш излегле на терен и го изгаснале пожарот. Во 1.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Васил Ѓоргов“ е опожарен билборд. До билбордот е пронајдено шише во кое имало непозната течност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања