Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Запалените возила се доказ дека власта и подземејето се во коалиција- за тоа ќе одговараат, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
294105618_440229524779543_7972557898192416474_n

СДСМ дозволи и ги охрабрува криминалните банди да владеат со улиците. Оливер Спасовски наместо да се бори со беззаконието, ги користи криминалците да вршат терор врз народот. Последниот случај со три запалени возила во Прилеп, меѓу кои и возилото на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески е доказ дека власта и подземејето се во коалиција, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Пратеникот Ристески кој јавно говореше против анационалните политики на власта на СДСМ и кажа дека нема да поддржи измена на Уставот, беше цел на нападот на полициско-мафијашките структури. Токму вакви структури се инспираторите на палењето на возилата.

— реклама —
— реклама —

Но ваквите методи на заплашување и тероризирање не поминуваат. Никој веќе не се плаши од заканите на СДСМ. Народот гласно кажува НЕ и народот ќе му плати на СДСМ за притисоците кои ги врши.

— реклама —

Доаѓа времето на одговорност и центрите на оваа страховлада ќе одговараат“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања