Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Запалил хартиени вреќи и предизвикал пожар: македонски државјанин приведен во Хрватска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library2c9lmgp7rkl9boZ30Qe
Photo by Emma Renly on Unsplash

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен државјанин на Македонија со регулиран престој во Хрватска, под сомнение дека предизвикал пожар во местото Седрамиќ кај Дрниш.

— реклама —

Според Полициската управа Шибеник-Книн, истрагата покажала дека мажот во четвртокот попладне, по завршување на градежни работи во дворот на куќата, запалил повеќе хартиени вреќи од цемент.

— реклама —

При тоа избувнал пожар, кој неконтролирано се проширил кон заселокот Чавале, зафаќајќи трева и ниска вегетација на површина од околу 100 на 100 метри.

— реклама —

Пожарот бил локализиран и целосно изгаснат во 19:36 часот од пожарникари од јавната противпожарна единица во Дрниш и доброволните противпожарни друштва од Дрниш и Унешиќ. Во гаснењето од воздух учествувал и авион „Ер трактор“.

— реклама —

Полицијата го сомничи 54-годишникот за кривично дело доведување во опасност на животот и имотот со општоопасно дејствие или средство. По завршувањето на истрагата, тој е предаден на притворскиот надзорник, а против него е поднесена кривична пријава до надлежното државно обвинителство во Шибеник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryu3k3obm0rggs5FPIqHz

(Видео) Голем пожар кај Бит-пазар во Скопје: Горат магацини, интервенираат шест противпожарни возила

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
media-librarychbf2bvu3go520Zb474

Гори депонијата во Еднокуќево, чадот се чувствува и во околината на Струмица

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryio3jm88ks09qdTwwYBA

Илјадници домови загрозени од шумските пожари во Калифорнија, двајца пожарникари повредени

Свет | пред 3 седмици

media-libraryk10rpevd6fliclod3wr

(Видео) Третпат опожарен приватен имот на шумочувар од Зелениково

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања