Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Запленет хероин во Чаир, приведени четворица дилери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
heroin-111

На 26.08.2019 врз основа на судска наредба  Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје изврши претрес во домот на Ф.П.(43) во Чаир, Скопје. При претресот биле пронајдени и одземени кеса со хероин, кутија во која имало 60 мали пакувања со хероин и една кеса со остатоци од хероин. Ф.П. бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Исто така, врз основа на судска наредба, претрес бил извршен и во домот на неговиот брат Ф.П.(51), исто така во Чаир. Притоа, била пронајдена мерихуана,  дигитална вага со остатоци од марихуана, пиштол марка „Екол Фират Магнум ЕФ810399 Волтран“.  Ф.П. и неговиот син Б.П. биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

— реклама —

Истиот ден, со судска наредба, бил извршен претрес и во домот на Г.П.(41) во Чаир. При претресот била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја, дигитална вага и две фолии со остатоци од прашкаста материја. Г.П. бил приведен во полициска станица. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

— реклама —

 

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања