Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Запленети 98 илјади евра на граничниот премин „Богородица“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Инспектори од мобилните тимови при Царинската управа, на граничниот премин Богородица запленија 98.000 евра од македонски државјанин кој се обидел нелегално да ги изнесе од државата.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

На 26 јули околу 21 часот на излез од државата се пријавил автобус со турски регистарски ознаки кој сообраќал на редовна линија Гостивар – Истанбул. При контрола на автобусот и патнците, во лична ташна на еден од патниците царинските инспектори откриле непријавени четири пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака во кои се наоѓале вкупно 100.000 евра.

— реклама —

Согласно Законот за девизно работење, на патникот вратени му се 2.000 евра – износ што резидент може да го изнесе без да го пријави, а останатите 98.000 евра се привремено одземени.

— реклама —

Против лицето е поднесена соодветна пријава до надлежниот Основен суд.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања