Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Запленети над 1.000 парчиња различна стока без документација, приведен кумановец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library1usmvgt51qbi8d01cek

Полицијата приведе 36-годишен жител на кумановското село Гошинце поради сомнение за криумчарење, откако во товарно возило со кое управувал биле пронајдени повеќе од 1.000 парчиња различна стока без потребната документација.

— реклама —

Како што соопшти МВР, С.С. бил лишен од слобода на 17 септември околу 19:50 часот од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Белановце“ при Регионалниот центар за гранични работи „Север“.

— реклама —

Полицајците во реонот на селото Липково му дале знак да запре со товарното возило „Мерцедес спринтер“, но тој не застанал и продолжил кон селото Отља. По преземените мерки, возилото било запрено, по што бил извршен преглед.

— реклама —

Во возилото биле пронајдени 320 парчиња текстил, 28 парчиња обувки, 350 парчиња техничка стока, 78 парчиња лекови, 76 парчиња козметика, шест делови за возила и 377 парчиња друга стока, за кои немало соодветна документација.

— реклама —

За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово. По целосното документирање на настанот, против С.С. ќе биде поднесена соодветна пријава за кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarylfhsascnika0cnle4Ie

Пронајдени марихуана, кокаин и оружје при полициски акции во неколку градови

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-library34tm5r8982b29rSssfM

Охриѓанка пријавена за одземање дете, не ја вратила малолетната ќерка на сопругот

Македонија | пред 12 часа

media-library2ftfop54e8lhdjZu9ue

Двајца возачи приведени за безобѕирно управување, едниот возел без дозвола, другиот пијан

Македонија | пред 12 часа

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања