„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Запленети околу 2,2 килограми хероин во Арачиново и околу 2000 таблети екстази

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
heroin-111

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност- СВР Скопје денеска  по претходно издадена судска наредба, извршија претрес во куќа во која престојува Д.Д. (30) при што се пронајдени 33 полиетиленски кеси во кои имало хероин и две дигитални ваги. Според првичната проценка запленети се околу 2,2 килограми хероин, но точната количина ќе биде позната по извршената анализа и мерење, по што ќе биде поднесена и соодветна пријава до јавното обвинителство.

— реклама —

Во друг случај, денеска околу 10 часот во село Трубарево-скопско, полициски службеници забележале возило „пасат“ со скопски регистерски таблици и две лица, кои влегле во возилото и се дале во бегство кон рампа Хиподром, при што удриле во вагон од воз кој сообраќал по железничката пруга. Лицето кое било на совозачкото место се дало во бегство, а возачот додека излегувал од возилото фрлил една кеса и едно пакување со 112 таблети екстази, една кеса со 1000 таблети екстази и една кеса со 750 таблети екстази, 80 грама амфетамин и пет грама сива кристална материја. По извршеното легитимирање, констатирано е дека лицето е Х.М. (43)од Скопје, а по извршен преглед на возилото пронајдени се и 800 грама марихуана и една дигитална вага. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

фото: Архива

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања