Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Запленети повеќе од 150 гуми во Бардовци кои се користат како огревно средство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
image00006

Комуналните служби на Општина Карпош запленија нова количина на отпадни гуми, на потегот околу Бардовци.

„Запленети се повеќе од 150 гуми кои, во овој период од годината, главно се користат како огревно средство.

— реклама —

Имајќи ги предвид истражувањата и анализите за причините за аерозагадувањето, посочено е дека голем број на домаќинства сеуште се греат на материјали кои не се еколошки препорачливи, односно го загадуваат амбиенталниот воздух и животната средина.

Општина Карпош повторно апелира, до сите граѓани и домаќинства кои се греат на огревно дрво, гуми или сл., да го променат начинот на греење и да аплицираат за субвенции за пелети или инвертер -  клими во Град Скопје.

— реклама —

Локалната самоуправа продолжува со интензивните инспекциски контроли на терен, со цел да се мапираат загадувачите, да се санкционираат и да се заштити околината“, велат од Општина Карпош.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања