Промени тема
Контакт

Започна 22. издание на Интернационалниот музички фестивал „Охридски бисери“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
Ohridski-Biseri16062023001

Во голема сала на Општина Охрид, синоќа, со пригодна музичка програма започна 22. издание на Интернационалниот музички фестивал „Охридски бисери“. Покровител на музичкиот фестивал е Општина Охрид.

— реклама —

Во име на општината фестивалот за отворен го прогласи заменик градоначалникот Перчо Божиноски.

— реклама —
— реклама —

– Огромна е честа да се биде дел од свеченото отворање на еден од најпрестижните Интернационални натпревари на млади музичари во сфера на класичната музика „Охридски бисери“. За овој натпревар најдобро говори фактот има 22 години непрекината традиција, традиција достојна за висока почит и признание. Несомнено, Охрид како град со најголем број културни случувања е најсоодветниот за одржување на овој величествен настан. Па затоа поддршката на Локалната самоуправа не изостана и не смее да изостане и во иднина, бидејќи токму овој настан како бисер го надополнува бисеровиот ѓердан на градот. Нам, охриѓаните особено горди не прави тоа што градот продолжува да биде културен центар, а потврда за тоа е и денешното учество на младите уметници од целиот свет. Велат музиката нема географски граници, нема јазични бариери и нема расни поделби. Тука јас би додал дека музиката ги надминува и јазичните бариери. Таа е универзална, а интерпретаторите припаѓаат на целиот Свет. Деновиве, нека одекнуваат звуците на квалитетната музика и изведба и нека будат во нас чувство на среќа, рече во своето обраќање Божиноски.

— реклама —

Финалната вечер на Интернационалниот музички фестивал „Охридски бисери“ е во сабота, кога ќе бидат прогласени најдобрите изведувачи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 2 дена

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања