Промени тема
Контакт

Започна Балканскиот фестивал на народни песни и игри во Охрид

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
354761317_217759297487865_1361187255703160656_n-1440x959-1

Синоќа во ЦК „Григор Прличев“ свечено беше отворено 62-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Пред присутните се обрати заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиновски.

— реклама —

– Вечерва тука, заедно во нашиот убав Охрид ја продолжуваме долгогодишната традиција, со одржувањето на оваа манифестација на највеличествен начин да го прославиме значењето на танцот и музиката како универзални вредности на народите. Облечени во боите на својата земја, со сјај во очите и нескротлива енергија учесниците од повеќе европски земји ја претставуваат својата култура, традиции и обичаи кај нас, а со тоа потврдуваат дека најдобрата врска меѓу народите е музиката и танцот. А токму прек нив од дамнина се изразувала тагата или радоста, гордоста или очајот на Балканските народи. Преку фолклорот се отсликува генетскиот код на еден народ и токму затоа Балканскиот Фестивал кој е најстара културна манифестација од ваков тип на Балканот е толку значаен и го зазема фестивалскиот примат.

Полека но сигурно ја ситниме седмата деценија од првото заиграно оро и отпеана песна на сцената на Доллни Срај. Оттогаш почнува магијата, а до денес на фестивалот учествувале неколку десетици илјади учесници, инструменталисти, играорци, пејачи од сите континенти во Светов. Сите тие дефилирајќи низ охридската чаршија најавуваат долго топло лето во Охрид со надеж за плодна туристичка сезона.

— реклама —

Јас верувам дека уживавте на синоќешната изложба од „Љубанишча до Дебор“ од колекцијата на Љупчо Милошески, а повеќе од сигурен сум дека ќе уживате и во претстојните фестивалски ноќи.

— реклама —

На крај им се заблагодарувам на вработените од ЦК „Григор Прличев“ за одличната организација на фестивалот. На учесниците им посакувам најубаво фестивалско претставување со желба да понесат убави впечатоци од древниот Охрид и повторно да се вратат кај нас– рече Божиновски.

Свое обраќање пред присутните имаше и Заменик претседателот на македонското Собрание, Горан Мисоски. Настанот е во организација на Министерството за култура на Р. Македонија

— реклама —

Влезот за фестивалските ноќи е слободен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 2 дена

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања