„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Започна чествувањето на 11 октомври – денот на народното востание

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
11_Oktomvri_1010201906-900x600

Со свечена седница, денес, започна чествувањето на 11 Октомври – Денот на Народното востание. На свеченоста свое пригодно обраќање имаше градоначалникот Константин Георгиески.

— реклама —

– Почитувани дами и господа, борци и следбеници на идеалите на учесниците во Народноослободителната и антифашистичка војна, нека ни е честит и вековит 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ. Овој ден е симбол на Македонскиот непокор и слободарскиот дух. Во очи на големиот празник, денес одбележувме 78 години од четиригодишната народно – ослободителна борба на Македонскиот народ во Втората светска војна. Благодарение на пожртвуваноста на храбрите борци и на нивните идеали за слобода, денес, ние сме свои на своето. Наша определба и денес, е сигурно и недвосмислено да чекориме по заветот што ни го оставија, да продолжиме да се бориме за да ги одржиме темелите на слободна Република Северна Македонија. Почнувајќи од 1893 година, од македонската историја исполнета со крв и саможртва, стана пример кој го следеа сите понатамошни македонски востанија и револуции. Темел врз кој се надградувале Илинден 1903, 11 Октомври 1941, АСНОМ 1944 и 8 септември 1991 – денот на прогласување на независноста. Нашата борба денес, е борбата за обезбедување подобар животен стандард, подобра инфраструктура, подобри услови во образованието…, истакна градоначалникот Георгиески

 

— реклама —

Свечената седница беше збогатена со културно уметничка програма. Чествувањата продолжуваат и утре со полагање на свежо цвеќе пред спомениците на борците од Народноослободителната војна.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Screenshot-2025-03-27-at-15.29.01

Николоски: Со обсмислена стратегија го развиваме охридскиот аеродром, Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот

Македонија | пред 9 месеци

kosta

Георгиески од манастирот "Свети Илија": Нека е за многу години празникот!

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

(ФОТО) Градоначалникот објави ЕКО ИНФО за изминатите 24 часа во Охрид

Македонија | пред 4 години

Нема фотографија

Се гради ново детско игралиште на пешачката патека кон „Горица“

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања