Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Започна изградбата на ново повеќенаменско спортско игралиште во населба „Видобишта“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

ОО
pecakov1

Градоначалникот Кирил Пецаков и премиерот Христијан Мицкоски денеска извршија увид на работните активности за изградба на повеќенаменско спортско игралиште во населба „Видобишта“.

— реклама —

Градоначалникот Пецаков истакна дека со изградбата на ова мултифункционално игралиште Општина Охрид продолжува да инвестира во спортската инфраструкура која е од големо значење за правилен раст и развој на најмладите.

— реклама —

Игралиштето кое ќе биде наменето за фудбал и ракомет се протега на површина од 1320м2 и на истото ќе биде поставена специјализирана гумирана подлога на површина од 230м2. Покрај делот кој е наменет за спортување ќе се изврши хортикултурно уредување на целиот простор и ќе биде поставено соодветно осветлување.

— реклама —

Вредноста на оваа инвестиција е 7.622.151 денари и истата е целосно финансирана од буџетот на Општина Охрид.

— реклама —

Kaко дел од денешната работна агенда градоначалникот Пецаков заедно со министерот за спорт, Борко Ристоски извршија увид и на состојбата на затворениот базен во Охрид, чија што изградба се уште не е завршена. При посетата беше потенцирано дека ќе се вложат сите напори, изградбата на овој капитален објект да биде финиширана што поскоро.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања