„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Започна изведбата на нов парк во Карпош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
IMG_2803

Започна изведбата на нов парк во Општина Карпош. На површина од 4.000 m2, во близина на стариот влез на Градски парк, под булеварот „8 Септември“, целосно ќе се раззелени простор кој до овој момент беше запуштен.

— реклама —

Во новиот парк ќе има новопроектирани високи и цветни дрвја, висока декоративна трева, грмушки, високо заштитно зеленило, цветни, перени и луковици.

Покрај разновидното зеленило и фонд на дрвја, паркот ќе биде збогатен и со други содржини, кои ќе го привлечат вниманието на карпошани. Предвидено е да има простор за детски игри (детско игралиште), како и оградено место за домашни миленици.

— реклама —

Во овој парк ќе биде поставен и мултифункционален контејнер, со цел правилно одлагање и селекција на отпадот. Изведбата на паркот се очекува да заврши на почетокот на август.

Поставувањето на новото зеленило и садници е донација од компанијата „Хорти Експерт Урбан Груп“, со што сакаат да ја покажат својата општествена одговорност и грижа кон заедницата.

Општина Карпош во изминатиов период интензивно работи на зголемување на зеленилото и заштита на животната средина. Неодамна заврши и пролетната акција за засадување на 287 нови дрвја, а се раззеленија и дел од училишните дворови и платоа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања