Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Започна новата сезона на МКЦ - Програмата на сцена „растури“, публиката разиграна и насмеана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
ZM9_-3

Започна новата сезона на МКЦ. По квалитетно одработениот летен распуст, тимот се враќа на ревносна реализација на програмските активности. Сезоната ја отворивме со деветтото издание на фестивалот на нова музика - ЗДРАВО МЛАДИ. Фантастичната атмосфера во новопромовираниот  МКЦ-парк, изминатата саботна вечер беше простор за уживање на повеќе од 2000 млади луѓе.

— реклама —

Програмата на сцена „растури“, публиката разиграна и насмеана, МКЦ преплавено со млади луѓе и позитивна енергија.

Фестивалот „отвори“ ден порано(на 30 август) со детската работилница за гитара на легендарниот музичар Scott McCloud (Girls Against Boys), во рамки на на Јуниор програмата на ЗДРАВО МЛАДИ 9. Тој беше пријатно изненаден од талентот на децата кои ја посетија работилницата па по часот започна плодна дискусија поттикната од инспирираните деца.

— реклама —

Ирецот DJ Fitz го отвори фестивалот со сервирање на својата музика кај „chill“ зоната до која се наоѓаше првата самстојна изложба на Зденко Петровски насловена „МКЦ документ“. На главниот стејџ аргентинците Mueran Humanos ја импресионираа публиката со страстна, пропулзивна музика на шпански јазик. Веднаш по нив следуваше најновата сензација на домашната сцена - ZeeBomb & Matej Foltz па бразилката Dillon која ги маѓепса сите. Паралелно почна и програмата на вториот стејџ со акустичен соло настап на Scott McCloud по кој следуваа dj сетови на Emily и Loshko. Operators го промовираа новиот албум - „Radiant Dawn“ и носталгично се поврзаа со публиката која во еден момент ја запеа „Градот убав пак ќе никне“. Следни на сцена беа фантастичното трио Rib и нивните другари - Fujiya & Miyagi. Премиерната изведба на „Rotator“ од Rib заедно со David Best беше над сите очекувања. Разиграната публика возбудено ги пречека Svemirko и нивните "tajne svemira" по кои Nipplepeople го „украдоа шоуто“ предизвикувајќи особен интерес кај посетителите поради нивната мистериозност.

ЗДРАВО МЛАДИ 9 заврши со програмата „Berlin via Skopje“ со Alex Acid, Vivian Koch, Conforce и Stojche(имено нејзиниот куратор) која траеше до раните утрински часови исполнувајќи го просторот со нови звуци кои беа зачинети со визуелизации на добро познатиот Горан Костовски - Индог.

Покрај музичката програма, посетителите уживаа во кулинарските магии на Веган365Kitchen, Цаци (Fat Kitchen) и Тoto Daily Bistro, gaming зона, photo booth, VR искуство, chill зона и еден куп други активности! ЗДРАВО МЛАДИ пулсираше некаде меѓу нова и алтернативна музика.

Значајно за подигање на нивото на фестивалот беше и воведувањето на МКЦ припејд картичките кое го овозможи новиот соработник - Sparkasse Bank. Најверојатно за прв пат на домашните фестивали и културни настани, а по урнек на големите фестивали на кои сте биле - МКЦ воспостави безготовинско припејд купување со современи инструменти/МКЦ припејд картички. Кредитот на картичката може да се користи за купување пијалаци и храна на сите настани кои следуваат во МКЦ до крајот на 2019 година, како и плочи, маички, албуми, книги во продавницата Ап(о)тека.

Ретко се случува да не постои јаз меѓу она што е планирано за голем настан и она што навистина ќе се случи, но оваа деветта по ред „епизода“ ги надмина сите очекувања во поглед на посетеноста, повеќе од 2.000 посетители, реакции од публиката и целокупната организиција. Новата локација му дозволи на фестивалот слободно да „дише“ - што беше и лајт-мотивот на овогодинешното издание на ЗДРАВО МЛАДИ.

Се гледаме следната година, на 10-ката од фестивалот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања