Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Започна пилот проектот на царинската управа за имплементација на системот за обработка на декларации и акцизни документи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
granica-carina

Како дел од низата активности на Царинската управа во насока на ставање во функција на новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД), денеска започна со реализацијата на Пилот проектот за СОЦДАД, во кој ќе бидат вклучени 11 царински испостави.

— реклама —

Целта на Пилот проектот е да се констатираат можните проблеми при активна работа во системот СОЦДАД и истите да бидат навремено отстранети пред финалното пуштање на системот во употреба, коешто е планирано за 1 јуни 2019 година.

— реклама —

Пилот проекот ќе се спроведува на така што сите декларации коишто се обработуваат во системот АСИКУДА, ќе бидат поднесени (од страна на економските оператори) и обработени (од страна на царинските службеници) и во СОЦДАД во пилот испоставите.

Тимот за поддршка на Пилот проектот на Царинска управа, кој неуморно работи како во текот на периодот на развој, така и во периодот на подготовка за ставање на системот во функција, веќе одржа консултативни состаноци и обуки за запознавање со функционалностите на новиот систем со царинските службеници, представници на бизнис заедницата – економските оператори, застапници и компании за развивање на софтвер.

— реклама —

Како потсетување, на 16 ноември 2018 година во Царинската управа беше финализиран развојот на Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) кој ќе го замени системот АСИКУДА кој сега се користи. Со тоа, сите царински постапки што досега се реализираа на хартија ќе бидат заменети со електронски постапки.

— реклама —

Со имплементацијата на новиот систем, кој претставува предуслов за понатамошно развивање на дигиталните решенија и услуги, значително ќе се поедностави работата на царинските службеници, граничните агенции и за сите учесници во царинската и надворешно-трговската постапка и ќе се креира поефикасна и модерна царинска околина во согласност со глобалниот развој и дигиталната ера.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања