Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Започна проектот „И јас сум Дедо Мраз“- да купиме подароци за дечињата во социјален ризик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
poster-i-jas-sum-dedo-mraz-2018

— реклама —

Деновиве започна хуманитарниот проект „И јас сум  Дедо Мраз“, преку кој се собираат подароци за деца од сиромашни семејства и висок социјален ризик. Мисијата е преку хумани граѓани, организации и институции да се соберат што повеќе подароци и да ставиме насмевки на што повеќе детски лица. Минатата година се собраа преку 3500 подароци, а оваа година ќе пробаме да го срушиме рекордот.

— реклама —

— реклама —

Подароците кои ги купувате, може да се новогодишни пакетчиња, играчки  или алишта. Откога убаво новогодишно ќе ги спакувате, напишете на едно ливче за кого е наменет подарокот ( пол, возраст и што е подарокот). Следното нешто е да се сликате со подароците и да ја поставите сликата на социјални медиуми со хаштаг #ијассумдедомраз. Подароците може да ги оставите до 17 декември во Нано Бар, на 09.12 (недела) во Зоолошка градина Скопје на пункт отворен од 12:00-16:00 или пак да се јавите на телефонскиот број 078 405 264 и да добиете инструкции за достава.

Потоа подароците ќе бидат распределни, и секое дете добива она кое што најмногу би го израдувало. Затоа што сите деца мора да се среќни! Да им ја направиме Новата година навистина среќна и весела!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања