„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Започна реализацијата на проектот за изградба на нов мост на Вардар во Аеродром

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
ASNOM-pocetok-na-izgradba-na-nov-most-4

Започна капиталниот проект на Град Скопје за поврзувањето на Аеродром со Ќерамидница со изградбата на булевар АСНОМ и изградбата на мост на реката Вардар.

— реклама —

Ова е првата од вкупно три фази на изградба на овој булевар, каде што во наредните фази ќе биде изграден мост на реката Вардар и негово спојувањето со бул. Гоце Делчев. Со целосната реализација на овој капитален проект ќе се добие брзо, безбедно и модерно сообраќајно поврзување на општините Аеродром, Центар и Гази Баба.

- Градот Скопје ги заврши сите постапки и очекувам првата фаза од овој капитален проект да биде готова до крајот на оваа година, по што ќе продолжи реализацијата на втората фаза и изградбата на мостот на реката Вардар. Ова е само еден од многуте инфраструктурни проекти кои ќе ги реализираме годинава за подобрување на сообраќајната инфраструктура во Скопје. Во текот на оваа година целосно ќе го реконструираме бул. Партизански одреди од крстосницата со бул. 8 Септември до мостот Обединети нации во Влае и целосно ќе го реконструираме бул. Кочо Рацин од крстосницата кај Веро Центар до ул. 11 Октомври (Црвен крст). Паралелно со нив продолжува и изградбата на двата нови булевари Христијан Тодоровски Карпош и Босна и Херцеговина – кажа градоначалникот Шилегов.

— реклама —

Во првата фаза од овој проект се врши проширување на булеварот АСНОМ, што се одвива на потегот од крстосницата со бул. Србија до крстосницата со бул. Васко Карангелески. Должината на трасата во првата фаза изнесува 845 метри, каде што новиот булевар АСНОМ ќе добие по 3 коловозни ленти од двете страни, средишно булеварско зеленило, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на булеварот, како и тактилни патеки за лицата со оштетен вид по целата должина на пешачките патеки.

Новиот булевар ќе биде осветлен со енергетски ефикасно ЛЕД осветлување, а ќе бидат поставени и нови сливници кои ќе бидат поврзани со постојната атмосферска канализација.

Првата фаза од изградбата на бул. АСНОМ е предвидена да заврши во рок од 6 месеци, а за истата Град Скопје ќе потроши околу 50,6 милиони денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања