Започна реконструкцијата на Универзалната сала во Скопје. Столчињата од гледалиштето што имаше капацитет да прими околу 1.500 лица деновиве беа изнесени од објектот – симбол на солидарноста што целиот свет ја покажа кон Скопје по земјотресот од 1963 година, пишува Мета.
Просторот околу Универзална сала е ограден веќе неколку недели, а во моментов се врши и ископот на земја на платото пред концертната сала. Градот Скопје на почетокот од јуни годинава го склучи договорот за реконструкција на Универзална сала, кој е во вредност од речиси 1,9 милиони евра.
Градежните работи на терен ќе ги изведува скопската фирма „Универзал-Балкан“, додека архитектот Бујар Муча и неговото архитектонско биро „Мегарон“ на Градот Скопје и на скопјани им го отстапија идејниот проект за реконструкција на Универзална како донација.
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов вети дека автентичниот изглед на Универзална сала нема да се менува, пренесува Мета.
Фото: Мета