Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

Започна Самитот на ЕУ за Западен Балкан Загреб 2020

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
06052020_VRSM_Samit_5

Започна Самитот на ЕУ за Западен Балкан Загреб 2020, кој оваа година се одржува со видео конференција.

— реклама —

Овој Самит ја потврдува определбата на ЕУ дека регионот е составен дел на Европа и геостратешки приоритет за Европска унија.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски изразува искрена благодарност до нашите хрватски пријатели, лидерите на ЕУ институциите и лидерите на земјите членки на ЕУ за можноста да се одржи самитот во видео конференциска форма што стана наша секојдневна реалност.

— реклама —

Самитот во Загреб е симболичен бидејќи точно пред 20 години исто така во овој град беше одржан првиот од серијата самити на кои се отвори европската перспектива за земјите од регионот.

— реклама —

Премиерот Спасовски на партнерите од ЕУ денеска ќе им порача дека Северна Македонија е подготвена заедно со Европската Комисија и Европскиот Совет да ја закажеме првата меѓувладина конференција за да го отпочнеме преговарачкиот процес согласно новата методологија.

— реклама —

Самитот на ЕУ за Западен Балкан Загреб 2020 се одржува за време  на пандемијата од КОВИД-19, но донесе и нешто позитивно - јасно ја покажа солидарноста на ЕУ за итна поддршка за здравствениот сектор и со финансискиот пакет за соочување со социо-економските последици, и тоа ја прави Европската унија единствена и посебна и посакуван дом и за нашите граѓани.

фото: Влада

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања