Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Започна субвенционирањето за замена на азбестните покриви со енергетско ефикасни покриви за социјално загрозените категории на граѓани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје

Градот Скопје го објави јавниот повик за доделување на поединечна субвенција на социјално загрозени категории граѓани, жители на градот Скопје, за замена на азбестните покриви со енергетско ефикасни покриви за 2023 година.

— реклама —

Средствата што Град Скопје ги субвенционира се во висина од најмногу 50% од вредноста на инвестицијата.

— реклама —

Право на учество на Јавниот повик имаат социјално загрозени категории на граѓани, жители на градот Скопје, кои ќе ги заменат азбестните покриви со енергетско ефикасни покриви, ги исполнуваат условите од Јавниот повик и ја доставиле потребната документација.

— реклама —

За надоместување на дел од трошоците и докажување дека условите за учество на Јавниот повик се исполнети, барателот е должен да поднесе пополнето барање, доказ дека припаѓа на една од социјално загрозените категории, нотарски заверена изјава, имотен лист, фотографија од постоечкиот азбестен покрив, договор со изведувач за замена на покривот, како и копија од трансакциска сметка.

Јавниот повик со сите услови и критериуми за аплицирање за субвенцијата, како и сите потребни документи кои треба да се достават со пријавата се достапни на линкот - https://skopje.gov.mk/media/9809/javen-povik-zamena-azbestni-krovovi-2023.pdf

Потребната документација, барателите ја поднесуваат до Комисијата преку Архивата на Град Скопје (барака 16) во затворен плик со назнака: До Сектор за заштита на животната средина– Комисија за доделување на субвенции за замена на азбестните покриви, секој работен ден од понеделник до петок, во период од 08:30 – 15:00 часот.

Јавниот повик ќе трае од денот на објавување до 31 август 2023 година или до исцрпување на средства предвидени за таа намена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања