Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Започна училишната година во основните училишта во општина Ѓорче Петров

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
prvacinja1

Училиштата повторно ги отворија вратите за учениците. За прв пат во училишните клупи седнуваат 390 првачиња во општина Ѓорче Петров. Денеска се одржаа свечени приредби за првачињата во пет основни училишта. Градоначалникот Александар Наумоски присуствуваше на првиот училишен час во ООУ ,,Тихомир Милошевски” во с.Ново Село кој им посака топло добредојде и многу успех на првачињата.

— реклама —

-Овој ден е посебен за првачињата. Иако сте возбудени, овој ден ќе го паметите цел живот. Тука ќе ви се случуваат најубавите работи.Тука ќе учите, ќе стекнувате знаење, тука ќе градите пријателства кои ќе би траат низ целиот живот,  а ние заедно со родителите и наставниците ќе се погрижиме да имате безгрижно детство.

— реклама —

Морам да признаам дека јас а се надевам дека и сите родители  секојдневно се изненадуваме од нашите деца, од нивните знаења, порака до  наставниците е да ги откријат и сите нас да не направат горди.

— реклама —

Апелирам и до сите вработени да ги прифатат сите деца, без разлики и секое да се чувствува безбедно и прифатено во новата средина, истакна Наумоски честитајќи им го првиот училишен ден на првачињата.

— реклама —

Училштата продолжуваат со работа, а утре прием на првачиња ќе се изврши и во ООУ ,,Мирче Ацев” .

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања