Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Започната истрага против две лица осомничени за разбојништво

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

ojo

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.

Имено, на 23.01.2019 година двајцата влегле во продажен салон на оператор на мобилна телефонија во близина на Бит Пазар и со употреба на сила и сериозна закана дека ќе нападнат врз животот и телото на едно вработено лице, противправно одзеле 96.500 денари. Осомничените претходно ја разгледале поставеноста на безбедносните камери и провериле колку вработени се присутни во продажниот салон, се обиделе да украдат изложен мобилен телефонски апарат, но притоа се вклучил безбедносниот звучен аларм. Во тој момент осомничените излегле од продавницата и ги замениле јакните. Едниот дополнително маскиран со качулка и марама, се вратил во салонот и извадил пиштол со кој му се заканил на вработениот, побарал од него да ја отвори касата и ги одзел парите. Другиот осомничен за тоа време чувал стража пред објектот, па двајцата го напуштиле местото на настанот.

— реклама —

Едно од двете лица против кои е започната истражната постапка е осомничено дека два дена подоцна извршило уште едно кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.

Тој во непосредна близина на казино во Бутел со употреба на сила и сериозна закана дека ќе нападне врз животот и телото на една оштетена и одзел паричник во кој имало лични документи и 200 денари. Притоа и се заканувал дека ќе ја убие ако не му ги даде парите, неколкупати повторувајќи дека има пиштол во јакната.

— реклама —

Надлежниот јавен обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, до Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Во однос на едниот осомничен, судијата го прифати предлогот и со Решение му определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека за вториот осомничен определи мерка – куќен притвор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања