Промени тема
Контакт

Започнува 10-то издание на „Охрид трчат“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

ОО
media-librarypdlcklved3r4fgohNuj

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Вечерва започнува 10-то, јубилејно издание на најмасовната спортска манифестација „Охрид трчаТ“. На прес конференција што точно напладне се одржа пред хотел „Палас“ градоначалникот Кирил Пецаков зборуваше  за  важноста на  овој спортски настан за Охрид.

— реклама —

„Охрид трчаТ“ е најмасовниот спортски настан во градов и пошироко и полека но сигурно станува наш бренд. Годинава е најавен   рекорден број на учесници,  над 2 700  од 30 држави. Овие факти зборуваат многу. Случувањето  одамна ја надмина локалната рамка и позитивно влијае во туристичката промоција на градов, во неговиот спортски и економски  развој.  Покрај со трките на 5км, 21 км и  штафетниот  полумаратон, настанот е збогатен  и  со многу  социјални, музички  и хуманитарни содржини. Тому затоа  како локална власт секогаш ќе подржуваме вакви  позитивни проекти– рече градоначалникот Пецаков на кого и официјално му беше врачен стартниот број 1 и стартниот пакет.

— реклама —

За организацискиот дел и програмата на годинешното издание говореа Јоне Станкоски и Иван Цветкоски од „Охрид трчат“ , а за безбедноста и  времениот режим на сообраќај зборуваше  командантот на ПС за безбедност во патниот сообраќај, Владо Аслимоски.

Официјалниот почеток на настанот е закажан за вечерва  со ноќната трка која стартува  од пешачката патека кај плажата “Куба Либре“ до хотел „Палас“.  Потоа  ќе има Pasta party со хуманитарен карактер ,  а  концерт  ќе одржи групата „No Fun“.  Денес и утре  во период од 10:00 до 20:00 часот ќе има ЕXPO,  делeње на  старт пакетите за сите учесници.

— реклама —

Утре за учесниците на спортското случување е предвидена целодневна програма во која е вклучен разглед на градот, возење со бродови по езерските води и посета на најрепрезентативните локалитети на градов меѓу кои и манастирскиот комплекс „Св. Наум“. Централното случување  ќе биде во недела. Во 08:15 ч. стартува   главната трка од пред хотел „Палас“. Ќе се трча по  централното градско подрачје, старото градско јадро, до Горна порта, по кеј „Македонија“ до  хотел „Инекс Олгица“- Горица 2 и назад до хотел „Палас“. Во недела ќе има и посебен режим на сообраќај, а улиците по трасата на трката ќе бидат затворени за сообраќај во период од 08:00 до 12:00 часот.

— реклама —

Настанот завршува   со концерт. Во организацискиот дел на најмасовното спортско случување во градов се вклучени над 6 000 луѓе.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања