Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Започнува 40 меѓународен студенски фолклорен фестивал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје

Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ во рамките на „Отворениот ден“ на УКИМ вечерва и официјално ќе го отвори  40. јубилејно издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал.

— реклама —

— реклама —

Самиот настан ќе започе со дефиле на учесниците почнувајќи од спомен-куќата на Мајка Тереза со почеток во 19:00 часот. Оттаму ансамблите ќе се движат до ,,Плоштадот Македонија“ каде во 20:00 часот Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, официјално ќе го прогласат фестивалот за отворен.

— реклама —

Како земји-учеснички годинава ќе бидат Германија, Турција, Северен Кипар, Унгарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Македонија.

— реклама —

Идејата за организирање на МСФФ потекнува од студентите на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во знак на благодарност кон земјите кои помогнаа во изградбата на разрушеното Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година па оттука овој фестивал се нарекува и ,,Фестивал на солидарноста”.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања