Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Започнува чистењето на езерцата и каналите во Градскиот парк

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
271857943_429202012226785_3224409273442573984_n

Екипи на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје, од денеска почнуваат со чистење на езерцата и каналите во Градскиот парк, што ќе се одвива во неколку фази.

- Согласно Програмата за одржување на коритото на река Вардар, нејзините притоки, отворените канали, езерца и канали во Градскиот парк, по налог на Град Скопје екипи на јавното претпријатие „Улици и патишта“ започнуваат со активностите за комплетно чистење на каналите и езерцата во првиот и во вториот дел од Градскиот парк, кои не се чистени околу пет години. Подготвителните активности за чистење на езерцата веќе се во тек, а екипите од понеделник ќе ги отпочнат активностите за чистење кои ќе се одвиваат во неколку фази, информираат од ЈП „Улици и патишта“.

— реклама —

Во првата фаза се стопира дотокот на вода и се заловува и згрижува рибниот фонд во соодветни услови за чување се до негово повторно враќање.

— реклама —

- Со пумпи се вади останатата количина на вода во езерата и се суши површината, по што во втората фаза следува машинско чистење на езерцата од лисја, отпадоци, мил и наноси од земја. Се чисти и каналот по кој тече вода во езерскиот систем во паркот по што во завршната фаза се полнат езерата, објаснуваат од јавното претпријатие.

— реклама —

Активностите за чистење на езерцата во Градскиот парк ќе се изведуваат и во наредниот период, а ЈП „Улици и патишта“-Скопје апелира до граѓаните да не фрлаат отпадоци во каналите и во езерцата и да ја одржуваат хигиената на зелените површини во паркот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања